Job Overview
Инбох ДООЕЛ Скопје, е компанија со специјализирана дејност за управување со документи и информации во име и за сметка на најголемите брендови во државата. Инбох е иновативна компанија која ги поместува стандардите за ефикасност во административно работење како во физичко така и во сверата на Е-архивирање и дигитализација на документи и работни процеси. За остварување на своите административни задачи, ИНБОХ има потреба и нуди вработување на енергичнa и проактивнa личност за следнава работна позиција:
Проектен асистент за внесување на податоци
(Data Entry Assistant)
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:
- Попишување на документација и внесување на податоци во компјутерски софтвер
Личен профил на кандидатот:
- Има знаења и способности за работа со компјутер и компјутерска опрема
(Напредни способности и брзина во работа со внес на податоци е предност)
- Одговорност и навременост
- Фокус кон остварување на зададени цели / нормативи
Што нудиме:
- Работно време од 08:00до 16:00 од понеделник до петок
- Организиран превоз / или надомест за сопствен превоз
- Можност заучење нови вештини за архивско и канцелариско работење
Вашата професионална биографија испратете ја на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 01.09.2024 година, со назнака: “Асистент за внесување на податоци”, и станете дел од нашиот тим.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни работни ангажмани. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
Job Detail
-
Offered Salary (DEN)20.000 - 30.000
-
Career LevelEntry (0-2 yrs)
-
ExperienceNone
-
GenderFemale
-
Education levelCertificate
